DSC_3073-2

Ристо Вуков е роден на 30-ти јули 1995-та година, во Скопје.

Од најраната можна возраст, од 6 години, почна да се занимава со автомобилизам, во картинг.

Тој е поранешен европски шампион во картинг (2006 и 2008) и единствен тогашен претставник од Балконот, на светското првенство во оваа категорија (2009) каде што се пласира директно, без квалификации поради титулата освоена во европската конкуренција.

По одличните резултати во картинг и со оглед на тоа дека му поминаа годините за таа категорија, Вуков реши да продолжи со возењето и да се префрли во автомобилизмот, каде што постигнува значајни успеси на меѓународната и на домашната сцена.

Во моментов, Вуков се натпреварува во класата југо-хибрид 1150 ccm3, во соседна Србија, со тенденција следната сезона (2020) да биде дел од престижните TCR и WTCR шампионати.

РЕЗУЛТАТИ:

  •   Шампион на РМ две години по ред, во мини класа.
  •   Вицешампион на Бугарија и СЦГ, две години по ред.
  •   Европски шампион во класа мини.
  •   Единствен учесник од балканските земји, на следното светско првенство во картинг натпреварувањето.
  •   Трето место во Европа во класа KF3.
  •   2014 дебитира во автомобилизам, на ридски и на кружни патеки во Македонија.
  •   Шампионат на Србија, 5-то место (2017) во најмасовната конкуренција со најмногу (30) натпреварувачи.
  •   Освоено 1-во место на двете трки во Скопје 2018.